а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стопира

стопираат; стопирал; стопиран
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 21218
1. запре, запира, задржи, задржува, прекине, прекинува
Англиски: stop Албански: stopoj, ndal
2. Патува со аутостоп.
Англиски: hitchhike Албански: stopoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој стопираше до Охрид.
3. Мери време со часовник кој на притисок почнува да мери а со идниот притисок запира и го покажува поминатото време.
Англиски: clock Албански: orë me stopim
Примери:
Му стопираа 13 секунди на сто метри.